Кои сме ние

Проектот се спроведува во Република Македонија од страна на двајца партнери:

 

 

 

 

„КМОП“ е непрофитна организација, основана во 1977 година, една од најстарите грчки невладини организации со над 35 години акумулирано искуство во обезбедување на услуги за маргинализираните групи. „КМОП“ е посветена на поттикнување на подобар свет. Тоа е свет кој се заснова на одржлив развој, социјален раст и индивидуална благосостојба.

Ние веруваме дека предуслов за градење на подобар свет е решавање на основните причини за ранливост преку градење на отпорноста на поединците и заедниците да ги предвидат, да се спротивстават и да закрепнат од ризиците коишто произлегуваат од променливите општествени, технолошки и еколошки случувања.

Фокусот на отпорноста ја става областа на оспособување и развој на човечките ресурси во центарот на нашата работа. Отпорноста се овозможува со градење силни мостови меѓу поединците, групите и заедниците. Кога ќе се оспособат, заедниците можат подобро да ги градат индивидуалните капацитети за управување со ризиците и за решавање на основните причини за ранливоста, како што се невработеноста и социјалната исклученост, сиромаштијата, дискриминацијата, нееднаквоста и нееднаквиот пристап до ресурси и средства за живот.

Ние работиме со јавниот и приватниот сектор и со граѓанското општество за да поттикнеме интервенции ориентирани кон решенија и засновани на знаење, коишто се клучни за поттикнување на отпорноста и создавање на подобар свет.

Основните области на експертиза на „КМОП“ вклучуваат социјална заштита и здравство, вработливост и заштита на човековите права, научно истражување и развој на знаење и искуство во социјалните политики.

Освен директното обезбедување услуги преку децентрализирани инструменти ориентирани кон заедниците (три групни домови и еден дневен центар за ментално болни лица, како и центри за советување во различни градови), „КМОП“, исто така, активно учествува во национални и меѓународни проекти/проекти на ЕУ кои опфаќаат социјални прашања, а особено се фокусираат на млади лица со ниски квалификации и долгорочно невработени, жртви на насилство и трговија со луѓе, лица со посебни потреби, стари лица, мигранти и малцинства.

 

„Финанце Тхинк“ е непрофитен институт за економски истражувања и политики. Како неформална група, постои од 2011 година, а како формална организација е основана во 2012 година.

Визија - да поттикнеме економско размислување за подобра благосостојба утре.

Мисија - да ја намалиме сиромаштијата, да ги зајакнеме макро-финансиските политики и да ја унапредиме финансиската стабилност преку економски истражувања, советување и препораки за економските политики и поттикнување критичка дебата за економските процеси.

Програмски области

  • Развојна економија: сиромаштија, социјална, доходна, родова, возрасна и етничка нееднаквост, невработеност, пристап до образование, здравствени услуги, регулаторно окружување, структурни реформи;
  • Макро-финансии: економски раст, инвестиции, монетарна, фискална, надворешно-трговска и девизна политика;
  • Финансиски системи: развиеност на банкарскиот, осигурителниот, пензискиот и другите финансиски потсистеми, оценка на ризиците и отпорноста на шокови на финансискиот систем, регионална и глобална финансиска интеграција.
© 2016 Vrabotime. All Rights Reserved.

Please publish modules in offcanvas position.