Контекст на земјата

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, бројот на активното население во Република Македонија изнесувал 954.924 лица, од кои вработени се 705.991, а 248.933 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57%, стапката на вработеност е 42,1%, додека стапката на невработеност е 26,1%.

Нема податоци за стапката на вработеност/невработеност меѓу посебните ранливи групи, но се забележува дека ранливите лица се соочуваат со пречки на пазарот на труд и процесот на вработување е потежок за тие групи, најчесто бидејќи имаат пониско образование или се соочуваат со телесна попреченост, ментална болест или се поранешни зависници од дрога и многу други различни фактори на ранливост или социјален ризик.

Постојните мерки за поддршка на вработувањето се развиени со проектот „Македонија вработува“, којшто беше најавен и започнат во март 2015 година. Проектот беше подготвен од Министерството за труд и социјална политика, а неговата главна цел беше да се забрза намалувањето на високата невработеност во земјата (27,3% во првиот квартал од 2015 година) преку повеќе мерки.

Проектот „Унапредување на активното вклучување на маргинализираните лица исклучени од пазарот на труд“ е во согласност со приоритетите на земјата и неговите резултати ќе придонесат кон процесот на вклучување на маргинализираните групи на пазарот на труд.

© 2016 Vrabotime. All Rights Reserved.

Please publish modules in offcanvas position.